Заседава постојаната анкетна комисија, родителите на загинатите во Кочани го имаа првиот збор, присутни и Претседателката на државата и премиерот

28

Во македонскиот парламент денеска започна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на граѓанските права и слобода. На неа се разгледува претставката на здружението на родителите на загинатите во кочанската дискотека.

ПокRај пратениците, на седницата се присутни и родители и блиски на загинатите. Воведното излагање го имаше Марија Петрушова, мајка на една од жртвите, таа побара вистинска правда за загинатите, нагласувајќи дека трагедијата е резултат на системски пропусти и корупција.

Таа оцени дека е симптоматично што со истрагата и обвинението се опфатени само поранешни функционери и службеници од пониско ниво, додека одговорните кои ја вршеле функцијата и во времето на трагедијата не се опфатени.

Инаку, присутни на комисиската седница која ја закажа пратеникот Димитар Апасиев се и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова и претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЛафчиски одликуван со Медал за истакната служба од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт, Грегори Најт
Следна вестМВР со апел во пресрет на празниците: Петардите не се играчка