Застаре уште едно дело на Мијалков, благодарение на измените на Кривичниот закон

Сашо Мијалков се спаси од уште едно кривично дело. Поточно тој е ослободен во случајот „Титаник 2“, бидејќи со најновите измени на Кривичниот закон делото е застарено.

– Советот на овој суд не се впушти во оцена на жалбените наводи истакнати во изјавените жалби на обвинетиот Сашо Мијаков од причина што по службена должност, а имајќи ги предвид и наводите истакнати на јавната седница во насока дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење за кривичното дело. Примање награда за противзаконитo влијание, откако ги разгледа списите приложени кон предметот, обжалената пресуда и писмениот предлог на ВЈО, утврди дека настапила апсолутна застареност на кривичното гонење за предметното кривично дело“, се вели во образложението на пресудата од Апелационен суд Скопје.

На останатите обвинети, поранешни членови на Изборната комисија, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски затворските казни им се преиначени во условни.

Претходна вестЈанакиески неправедно бил држен во притвор
Следна вестПак кавга во Советот на Скопје: Арсовска го обвини Славевски за фалсификат, тој ќе и поднесе тужба за клевета