Застаре веста за малолетникот прободен со нож во Бутел

Непознaти млади насилници завчера во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете за среќа ножот само ја скинал јакната. Повредениот бил пренесен во болница, а потоа пуштен на домашно лекување.

Веста ви е застарена? Можеби е, но, нас друг ни е зборот: Дали јавноста отрпна на ваквите чести вести каде деца се избодени со нож среде улица? И надлежните институции ли отрпнаа?

Под секоја ваква вест обично пишува што соопштиле од полицијата: „се преземаат мерки за расчистување на случајот“. А навистина се превземаат ли? А што превземаат родителите и училиштата како превентива?

Што треба да се случи за на пример Советот на општината да одржи вонредна итна седница? Па да го повикаат началникот на полициската станица, па директори на училиштата… Градоначалникот со политичко соопштение ли си мисли дека ја заврши работата за случајов?

А колку за потсетување, не помина многу време кога млад живот згасна во Н. Лисиче по напад со нож. Инаку, неколку дена по убиството следеше и ранување на осумнаесетгодишник во Арачиново, на 17 – годишник на булавер „Крсте Мисирков“, како и тешкото ранување на 16-годишник и повредување на двајца негови врзници во автобусот на ЈСП „Скопје “ во Сарај.

Да набројуваме уште? Или пак, тоа би било ептен застарена вест?