Вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Мажот бил застрелан од огнено оружје.
– Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.