Заталкано зрно оштетило паркирано возило „мерцедес“ во скопското село Сарај. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
– Завчера во 16.17 часот во СВР Скопје, Н.Л.(21) од с.Љубин, скопско, пријавил дека околу 15.00 часот во с.Сарај, скопско, од заталкано зрно било оштетено патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.