Со категоричниот став дека е невина и со тешки зборови упатени кон сопружниците Орце и Ана Камчеви кои беа сведоци во случајот и обвинителката Вилма Рускоска, поранешната шефица на СЈО Катица Јанева го даде својот завршен збор во случајот „Рекет“. Таа потенцира дека во текот на судењето воопшто не е докажана неjзината вина и дека обвинението е без какви и да е докази против неа и се темелело на сведочењето на Камчеви кои за неа се „дно“.
-Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви. Тие се дно на дното. Тоа дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може, кажа Јанева.
Таа потенцира дека обвинителството на Вилма Рускоска не пронашло ниту денар од парите.
-Ги нема ниту 50 – те илјади евра за кои тврдат дека сум ги земала, а тоа се докажуваше со фотографијата со пари. Мене ми е чист образот, рече поранешната шефица на СЈО.
Таа ја прозва обвинителката Рускоска зошто не присуствувала на денешното рочиште.
-Каде е Рускоска да си слушне како и се распадна обвинението, зошто ги пушти овие недолжни обвинители, а таа се скри? Да подигнеш обвинение без вештачење, да биде прифатено од тројца судии, а без половина докази да се доставени до судот. Се срамам што сум дел од овој процес. Ова е голо обвинение без докази, мене ми е срам што овие два дена го распарталивме како баница. Не дојде за да не се црви тука, рече Јанева.
Судијката изрекувањето на казната го закажа за 18 јуни.