Заврши групната фаза на СП, познати се сите осминафинални двојки

Со одигрувањето на денешните натпревари заврши групната фаза од Мундијалот во Катар, познати се сите осминафинални двојки.

Драма имаше и на денешните натпревари, особено на оние од 16 часот кога Јужна Кореја со гол во 91. минута отиде во осминафиналето и го расплака Уругвај.
Во вечерните средби Србија не успеа да дојде до неопходната победа против Швајцарија, напротив, го загуби мечот и си ги спакува куферите. Швајцарците ќе играат во нокаут фазата.
Швајцарија ќе игра против Португалија, а Јужна Кореја ќе се сретне со Бразил.
 
Осминафиналните мечеви на СП:
3 декември 16:00 Холандија – САД
3 декември 20:00 Аргентина – Австралија
4 декември 16:00 Франција – Полска
4 декември 20:00 Англија – Сенегал
5 декември 16:00 Јапонија – Хрватска
5 декември 20:00 Бразил – Јужна Кореја
6 декември 16:00 Мароко – Шпанија
6 декември 20:00 Португалија – Швајцарија
Претходна вестМицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра
Следна вестПретежно облачно време со температури до 12 степени