Завршија летните ангажмани, актерите се враќаат во театрите

Помина летната пауза на даските што живот значат. Македонските театри ги стартуваат неделните репертоари. Утре е првата претстава на Македонскиот народен тетар. Станува збор за „Не се клади на Енглези“, а почнува во 20 часот.
Драмскиот театар пак стартува на 14 септември. Првата претстава е премиера. Станува збор за „Чудесна терапија“ во која улогите ги толкуваат Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски. Режијата е во рацете на Димче Николовски, кој ја работеше претставата според делото на Даниел Глатауер.