Завршила во болница откако и се запалил „Фордот“ во движење

Се запалил автомобил во движење, повреден е возачот. Имено, вчера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Фокус’’, со скопски регистарски ознаки. Возилото било во движење, а со него управувало лицето Е.А.(22) од с.Горно Количани, скопско.

Поради брзото ширење на пламенот, Е.А. се здобила со повреди и била веднаш пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде и била укажана лекарска помош.

Пожарот за брзо време бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.