Home АКТУЕЛНО Здружението на Украинци попладнево ќе протестира пред Руската амбасада

Здружението на Украинци попладнево ќе протестира пред Руската амбасада

0
Здружението на Украинци попладнево ќе протестира пред Руската амбасада

Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ денеска ќе организира мирен собир во Скопје за поддршка на украинскиот народ во борбата против руската инвазија.

Собирно место, како што пишува во повикот, е плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје од каде што граѓаните ќе се упатат кон Амбасадата на Русија во земјава.

-Денес, на 25 февруари 2022 година, ќе се одржи мирна акција на здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со почеток во 14:30 часот во центарот на Скопје (Плоштадот ‘Македонија’), со упатување кон руската амбасада во Скопје (ул. ‘Пиринска’ бр. 44, 1000 Скопје). Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина, се вели во повикот што го споделува и украинската амбасада во земјава.