Шест итни мерки и осум мерки кои би се презеле до крајот на мандатот на актуелниот Совет на Скопје за заштита на квалитетот на воздухот во метрополата поднесе денеска граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Ова Иницијатива, којашто во 45-члениот Совет има двајца советници, во предлогот од претседателот на Градскиот Совет Трајко Славески бара Советот да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со прогнозирање на температурни инверзии во скопската котлина. Ова е со цел прогнозие да се користат за предвремено дејствување со цел заштита на населението во Скопје.
– Јавно да се објави регистар со правни лица и локацијата каде се наоѓаат на територија на Град Скопје кои според закон задолжително би морало да имаат Б-интегрирана дозвола за да работат, а при надзор е утврдено дека немале. Забрана за сообраќајни ленти на булеварите пошироки од минимумот според чл. 145 став (2) алинеја 2 од Правилникот за урбанистичко планирање – 3 метри (соодветно за ограничувањето во населени места 50 км/х). 4. Забрана за пластичен прибор и пластична амбалажа за еднократна употреба, како и продукти пакувани во пластична амбалажа во јавните набавки на Град Скопје. Замена на начинот на греење на сите објекти кои се во сопственост или надлежност на Град Скопје и користат нафта, дрва или други загадувачки горива за загревање и итно префрлање на системот за загревање на струја (во комбинација со поставување на фотоволтаици на покривите) или приклучување на градско парно, наведувата од ЗХГ.
Шеста мерка е предлог за вработување најмалку 5 нови инспектори за животна средина и овозможување за користење на 3 возила на Инспекторатот со цел брзо постапување по пријави од граѓани.
Како мерки кои би се направиле до крајот на мандатот е поставувањ ена густа мрежа на мерни станици, по една на максимум 1.500м2, сеопфатна велосипедска мрежа на секои 250 метри, 10 градски биокомпостари – по една за секоја општина, фотоволтаични системи на сите објекти под надлежност на Град Скопје, субвенции за ФВ системи за индивидуални домаќинства, субвенции за енергетски ефикасни фасади на објекти за индивидуално, систем за самоизнајмување велосипеди и високоразвиен јавен превоз издвоен од останатиот сообраќај.