Зеленски бара американски ракети, Трамп повеќе заинтересиран за мирно решение

10
зеленски трамп

Украина нема да даде ништо на Русија, порача претседателот Володимир Зеленски, најавувајќи засилување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Ова негова изјава доаѓа по последната средба со Доналд Трамп, на која претседателот на САД го повикал Зеленски да ги прифати руските услови за прекин на војната.

Зеленски единствено ја поддржал идејата на Трамп за замрзнување на фронтовските линии како почетна точка за преговори.

Украинскиот претседател дојде во Вашингтон по договор за испорака на ракетите „Томахавк” , но Трамп повеќе бил заинтересиран за преговори за мир. Во насока на наоѓање на мирно решение за руско-украинската војна во Будимпешта во следниов период ќе се сретнат Трамп и Путин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
Следна вестНаместо на пистата во Хонг Конг авион завршил во морето, двајца загинати