Темно Режим Светло Режим

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 54 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Јакимовски: За 20 дена ќе се направи фасада, која била започната пред 10 години

Следниот Пост

Времето денес сончево со ветер