Земјотрес со јачина од 2,8 степени во Косово е почувствуван и во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, претпладнево во 08:28 часот, е почувствуван во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, како што се посочува, бил на 26 километри североисточно од Скопје во соседно Косово.

Претходна вест135 санкционирани возачи во Скопје, 13 возеле без дозвола
Следна вестОд патарини наплатени речиси 9,5 милиони евра во првиот квартал, ќе дојде ли на ред поевтинувањето?