Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:13 минути бил почувствуван од населението, особено во северозападните делови од земјава, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 4,8 степени, а епицентарот се наоѓал во Албанија, 147 километри западно од Скопје.

Претходна вестПроменливо облачно и потопло време
Следна вестАпасиев: Eдинствени бележиме раст, ќе имаме советници во 30 општини