Земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја потресе Јагодина.

Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јагодина.

-Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Институтот.

Да потсетиме, за десет дена ова е трет земјотрес регистриран на ова подрачје. Првиот беше 2,6 степени, додека вториот беше забележан на 11 јуни и беше 2 степени по Рихтеровата скала.

Претходна вестДенеска е Спасовден, празник на Христовото вознесение по кое се чека неговото повторно доаѓање
Следна вестВардар остана без „самурајот“ Јасухира