Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.1 %, а за 11.5 % на годишно ниво.

Во јануари 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.3 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %.

Во јануари 2023, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 11.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.1 %.

Претходна вестНевработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто
Следна вестЗаложничка драма во аптека во Германија