Темен режим Режим на светлина

Жалбите за Љупчо Палевски и останатите осудени за убиството на Вања Ѓорчевска, денеска на седница на Апелациониот суд

Жалбите за Љупчо Палевски и останатите осудени за убиството на Вања Ѓорчевска, денеска на седница на Апелациониот суд Жалбите за Љупчо Палевски и останатите осудени за убиството на Вања Ѓорчевска, денеска на седница на Апелациониот суд

Поднесените жалби за обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска ќе бидат разгледани од страна на Апелациониот суд во Скопје.

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кои се осудени на доживотен затвор се жалат на пресудата, но и Обвинителството не се согласува со одлуката на Кривичниот суд да го ослободи таткото на Вања, Александар Ѓорѓиевски поради недостиг на докази, па исто така има поднесено жалба.

Да потсетиме: Четиринаесетгодишната Вања и 74-годишниот Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Според обвинението, Палевски, Манев, Водевски и Кешишов, според обвинението, заедно го испланирале грабнувањето на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното семејство да даде пари за откуп, а убиството на Жежовски од Велес било направено со намера да го земат неговото возило и да го искористат за грабнувањето на Вања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Каде во Скопје денес ќе има прекини на струјата?

Кои улици во Скопје денеска ќе бидат без струја?

Следна објава
Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец

Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец