Жена почина по пад од тераса на семејна куќа

Во Полициската станица Крушево вчера околу 14:20 часот било пријавено дека на ул.„Нико Доага“ во Крушево од тераса на нејзината куќа паднала О.Х.(49) – лице со посебни потреби.

Таа била пренесена во ЈЗУ-Крушево, од каде по укажаната лекарска помош била префрлена во болницата во Прилеп каде починала.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестДевет починати и 137 нови случаи на коронавирус во Македонија
Следна вестИзмамник се јавил кај старица, лажел дека ќерка ѝ прегазила човек и барал пари