Жена почина во сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола

Жена почина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од селото Грначари, Ресенско.

„Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп, додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Претходна вестДежурните служби во здравствените домови достапни за неопходна здравствена услуга
Следна вестОпожарена цистерна со мазут во Скопје