Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

186

Од полицијата информираат дека вчера во ПО Македонска Каменица било пријавено дека во водите на езерото Калиманци била пронајдена почината 58-годишна жена од Македонска Каменица, која претходно била пријавена како исчезната.

-На 09.05.2025 во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско Езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот- се вели во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека од страна на лекар била констатирана смрт, без видливи траги на насилство и бил извршен бил увид на местото од увидна екипа, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

Претходна вестНови напади меѓу Индија и Пакистан
Следна вест,,Генералка викенд” во Карпош