Темен режим Режим на светлина

Жена со повреди однесена во Клинички, потоа признала дека била натепана во центарот на Скопје

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека вчера (16 септември 2025) околу 14:00 часот во полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е донесена 84-годишната Е.Б. од Скопје со телесни повреди.

Во разговор со полицијата, жената изјавила дека повредите ги здобила истиот ден околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од друго женско лице.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на напаѓачот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Пожарите се целосно под контрола, сите параметри се во рамки на дозволеното

Следна објава

Кој ги организира потпалувачите?