Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

​Утрово загина жена во пожар во куќа во Стар Дојран, соопшти МВР. Според регионалниот Центар за управување со кризи на Струмица, пожарот го зафатил покривот и еден спрат на куќата.

Во СВР Струмица пожарот бил пријавен во 07:20 часот.

-Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица.

Според информациите од Доброволното против пожарно друштво од Дојран, пожарот бил голем и се заканувал да ги зафати околните куќи и блиската борова шума.

-Веднаш по добивањето на известувањето дека има пожар се упативме со две наши возила и две од против пожарната единица од Гевгелија. Пожарот беше силен и веднаш пристапивме кон гаснење. Колку тој беше силен зборува и податокот што дури пет пати ги полневме возилата со вода и некаде околу 11 часот успеавме да го изгаснаме, информираше Злате Талески, командир на Доброволното против пожарно друштво од Дојран.

На местото на пожарот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на жената е дадено на обдукција.

Претходна вестСДСМ: Град Скопје да одговори, дали Илиевски согласно закон е поставен за директор на ЗОО Скопје
Следна вестАнкета на ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ, огромното мнозинство против францускиот предлог