„Жени пред нервен слом“ според филмот на Алмодовар во Театар Комедија

На 17 мај, со почеток во 20 часот, театарските љубители на комедијата ќе можат да уживаат во првата реприза на претставата „Жени пред нервен слом“ во Театар Комедија. Претставата е работена според филмот на Педро Алмодовар, со сличен наслов „Жени на работ од нервен слом“. Режијата е во рацете на познатиот Хрват Иван Лео Лемо.
-Оваа претстава ѝ нуди на публиката еден поинаков ракопис од вообичаеното што можат да го следат. Многу сум благодарен на целиот тим кој максимално се вложи за време на подготвителниот процес. Имаме голема хит претстава, која ќе ги освои срцата на публиката, рече директорот на НУ Театар Комедија, Сашо Ристовски.
Во „Жени пред нервен слом“ играат: Марина Поп Панкова, Ева Скендеровска, Кристина Ласовска, Жаклина Стевковска, Миа Кантарџиева, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Едмонд Сотир, Дритон Вејсели, Александар Вељановски, Тони Денковски, Тино Костадиновски и Ема Давчева.