Женска тепачка среде Скопје: истепана српска државјанка пред ноќен клуб

Ноќите викендов не беа мирни не само заради сообраќајните несреќи и повредени лица, ами и заради физичките пресметки. Овој викенд, во полицискиот билтен е регистрирана и женска тепачка.
Имено, во неделата, околу 12 часот, во полициската станица во Центар, деветнаесетгодишната српска државјанка Т.С., која инаку живее во Скопје, пријавила дека истиот ден околу 03.30 часот, односно неколку часа по полноќ, пред ноќен клуб на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападната од неколку женски лица.
Не се знае како завршила пресметката и зошто настанала.
Од МВР информираат дека се работело на целосно расчистување на случајот.