Жестоки навреди за Салах затоа што се сликаше пред божиќна елка

Мохамед Салах објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата пред елката и напиша „Среќен Божиќ“. Честитката на Салах не беше најдобро прифатена кај некои припадници на исламската вероисповед кои негодуваа поради оваа негова фотографија.

– Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера, не го очекувавме ова, дека ќе го навредуваш Бога. Не ја продавај евтино својата вера, Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ, Ги имитирате Роналдо и Меси, но запомнете дека тие се христијани, но, која е вашата вера? Тие никогаш не ја слават вашата и не срамете ја нашата религија, се само дел од коментарите.

Салах објави слични фотографии и претходните две години, а и тогаш имаше многу негодувања. Објавата за оваа година има повеќе од 2,8 милиони лајкови.

Претходна вестКовачевски уверува: Не функционирам под уцени
Следна вестКонечно: Пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани