Утрово, во скопската полиција бил пријавен трагичен настан, кој се случил на улицата Пушкинова.
Имено, во зграда, каде што се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место.
На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.