Жители на Банско уапсени под сомнение дека ограбиле мигранти

Во вечерните часови на 26 август во селото Банско биле уапсени А.З.(44), Е.З.(41) и З.Р.(33) поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво над 23 мигранти.

Тројцата жители на селото се товарат дека од мигрантите одзеле ранец, 15 мобилни телефони и пари.

Осомничените се задржани во полициската станица Струмица од каде работат на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМу ја одбила понудата за брак, па ја уценувал со компромитирачки снимки
Следна вестГостиварски полицаец извршил напад, па лажно пријавил дека бил нападнат