Жителите на Центар бараат затворање на улицата „Боемска“, урбанизирање на просторот зад Градежен факулет…

Решение за затворање на улица „Боемска“, урбанизирање на делот зад Градежниот и Архитектонскиот факултет за да се добие побезбеден пристап на децата до основното училиште „Коле Неделковски“, се дел од барањата на жителите од скопската општина Центар. Тие беа изнесени на завршниот буџетски форум за 2024 на кој градоначалник на Центар Горан Герасимовски ги слушна нивните барања и потреби.

Градоначалникот Герасимовски посочи дека интензивно се работи за надминување на овој проблем и најави уривање на бараката зад факултетот како дел од новото сообраќајно решение.

-Остваривме средби со деканите на Градежниот и на Архитектонскиот факултет, како и со ректорката на УКИМ за да изнајдеме решение. Се согласивме дека треба да се искористи просторот зад факултетот, да се отстрани бараката и да се направи свртница која ќе биде функционална, рече Герасимовски.

Локалната самоуправа го поддржа и предлогот на граѓаните од претходната буџетска сесија одржана во ноември за хортикултурно и партерно уредување на населбата Капиштец, за што веќе се обезбедени 25 милиони денари.

-Овој проект на потегот од паркингот „Зебра“ до паркот Капиштец ќе ја разубави населбата со ново зеленило, осветлување и со ново партерно уредување. Општина Центар и Капиштец го заслужуваат тоа, рече Герасимовски.

На финалната буџетска сесија имаше предлози и од областа на образованието, како што се: дигитализација на училиштата, отворање научно-компјутерски центар, промоција и наградување на училишниот спорт, а се расправаше и за горливите проблеми, како што се паркирањето, бучавата од клубовите, узурпирањето на јавниот простор од страна на дуќаните и кафулињата.

Претходна вестЗа високите цени на становите во Скопје…
Следна вест„Мал формат“ – изложба на студентски дела на хартија