Жителка на Тафталиџе: Завршив во амбуланта поради азбестот од барака која ја урнаа со багер

Со силна алергија и отоци на лицето деновиве се здобила жителка на улицата „Букурешка“ во скопската населба Тафталиџе откако во непосредна близина на нејзината куќа тешка градежна механизација уривала стари бараки кои во себе содржат азбест и стаклена волна. Ида Хрисохо-Лозановски е само една од повеќето жители во оваа населба кои се револтирани од начинот на кој што се уриваат старите бараки за изградба на нови згради.

Таа за „Скопско ехо“ вели дека уривањето не се вршело правилно и наместо да се отстрануваат цели плочи од старата барака за да не се разнесат азбестни честички, кои се канцерогени, куќата била урната со багер. Како што вели, сега азбестот е во воздухот, по дворовите и по фасадите на околните куќи.

авршив во амбуланта со кортико инекции поради оток и алергија со потечено лице, како резултат од дишење на затруен воздух со канцерогени честички. А работното место ми е дома, на 15 метри од ова што го прават. Не е битно изгледот на моето лице, но е битно она што го примиле и ќе го примаат моите бели дробови. Тоа е резултат на сосема загадената околина, а сето тоа ќе остане уште 20 години на ова место, ни изјави Хрисохо-Лозановска.

На таа локација треба да се изградат неколку станбени објекти. За уривање останала уште една стара барака која, исто така, содржи големи количества на азбест и стаклена волна. Хрисохо-Лозановска вели дека бараката треба да се демонтира панел по панел, а не да со удирање на багер.

За сето ова се пожалила и на општина Карпош, но инспекцијата не нашла нешто спорно.

– Ние соседи молевме да се демонтира рачно и само некои салонитки се демонтираа рачно. Дојде инспекција, рече дека е важно што решението е правосилно, сѐ е супер. А, што нема ограда, метална или каква било, тоа не беше ништо ни важно, па и не морало да има ограда. Повратниот одговор од градоначалникот беше дека сѐ е супер, а јас сум и другите сме нападнати од отровен азбест, вели Хрисохо-Лозановски.

Нашата соговорничка стравува дека може да биде и полошо кога наскоро ќе се урне и втората барака, која се наоѓа веднаш зад урнатата, затоа и апелира за поголема одговорност.

Претходна вестКовид коси во земјава: 21 починати и 947 новозаразени, во Скопје над 5.000 активни случаи
Следна вестСело гори, Советот за национална безбедност ќе се чешла