„Зимско арт-бостание“ денеска се „крева“ во Ново Лисиче

Денеска, точно на пладне, во паркот „Бостание“ во Ново Лисиче, се „крева“ т.н. зимско арт-бостание.

Уметниците Владимир Лукаш, Тома Димовски, Сали Ертунч, Вук Митевски и Иван Ивановски ќе направат уметничка инсталација преку која ќе го претстават чудесното патување на едно невообичаено македонско семејство.

Организаторот на ова арт-бостание се момците од алтернативниот културен центар КЦ 750, односно момците со малото зелено фиќо што можеше претходно да се види и на други места во градот.

Претходна вестТри месеци чекаме разврска за пожарот во тетовската болница, Бугарите за 2 недели ја завршуваат истрагата за трагедијата на Струма
Следна вестОблачно со северен ветар и температура до 14 степени