Злате Мехмедовиќ од ЗНАМ ќе биде нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација

Доктор Злате Мехмедовиќ, кадар на партијата ЗНАМ, ќе биде нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Велика Лабачевска, која оваа функција ја извршува само неколку месеци.

Официјална потврда од Министерството за здравство се уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција.

Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

Мехмедовиќ по професија е доктор специјалист по медицина на труд, а во моментот е на субспецијализација пулмологија и алергологија.

Претходна вестВредно археолошко откритие: Во „Тумба Маџари“ откриена нова фигурина од типот на „Голема Мајка“
Следна вестМуцунски со грчката амбасадорка: Остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес