Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.

„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.

Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.

Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.

Претходна вестИсплатени речиси 290 милиони денари дополнителни субвенции за овоштарство кон 10.604 корисници
Следна вестМилевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Украина и Англија