Зошто гледам телевизија облечен во тренерки…

Се уморив од претседателската кампања на ова македонските телевизии. Не дека ја гледам, ама се уморив нон-стоп да бегам со даљинското по другите канали. Ама има и позитивно во сето тоа, бегањето ми ја зголеми кондицијата. И така си станав „телевизиски спортист“. Ги претрчувам македонските канали за неколку секунди оти освен претседателските кандидати и нормално- сеприсутниот Заев, нема ништо друго. Шо да ви кажувам, влегов во втора младост, сега и само у тренерки и патики гледам телевизија. Но има тоа и една маана- жена ми мисли дека стекнатата телевизиско-спортска кондиција е доволна причина секој ден да ме праќа до продавничка, до пазарче, до кај мајка и…

И сега шо да правам? Да се преправам дека ме интересира шо Стево го спуштил сидрото и тргнал да плови кон подобрата иднина или да одам да купувам сол, краставици…?

Среќа кампањата не е долга. Ама па, страв ме фаќа ова политичарите кај нас цело време се како у кампања, а телевизиите само тоа даваат на екран…