Зошто Град Скопје не презентира долгорочна стратегија за решавање на проблемот со бедзомниците?

Градот Скопје го прошири капацитетот во Момин Поток за вдомување на бездомни лица и отвори нова трпезарија, каде ќе можат да се нахранат и барем за некое време, да се сместат. Овој чекор на Градот секако е за поздрав, оти според основното човеково право за живот ваквите активности – кога станува збор за луѓето без дом – се неопходни. Но, основното прашање е дали тоа го решава проблемот со нив? Секако не.
Имено, неопходен е кров на глава, топол оброк, место за почивање и лична хигиена, разбирливо, но пред се неопходна е реинтеграција на овие луѓе преку вработувања и трајни решенија.
Како и да е, надлежните сметаат дека ова се чекорите кои водат до подобро утре за бездомниците.
-Сите заедно ќе придонесеме да го заштитиме нивниот интегритет, велат од Црвен крст.
Според градоначалникот Шилегов пунктот и неговиот капацитет за згрижување на над 40 луѓе влијае и на заштита на животната средина.
-Овој центар како таков служи меѓу другото во зимно време да го намалуваме загадувањето во смисла бездомните лица се згрижени и не се тие кои палат низ градот, изјави Шилегов.
На главниот град му треба долгорочна стратегија за справување со проблемот со бездомните лица, оти де факто, овде се во најголем број. До сега такво нешто не слушнавме.