Зошто изминатите три дена никој не се тестирал во Центарот за јавно здравје Скопје?

Трите претходни денови Центарот за јавно здравје во Скопје има само еден пациент тестиран. Сите останати се во приватните лаборатории. Прашањето е зошто?

Откако Министерството ги објави официјалните бројки изминатите денови, јавноста не престана со реакции, од кои најголем дел се однесуваат на критика на Центарот за јавно здравје, на чии пунктови се вршат тестирањата.
-Со денови се чекаат резултати, секако дека никој нема да се тестира!
-Си споиле празничен викенд, во среде пандемија?!
-Mој близок роднина имаше позитивен тест преку ИЈЗ, а следниот ден негативен во приватна болница, чудо невидено… се само дел од коментарите.

Медиумите потстетуваат дека слична ваква ситуација имаше во јуни, кога во еден момент нагло почна да станува голема бројката. И тогаш скопскиот Центар имало денови кога немал ниедно тестирање. Објаснувањето од Центарот е дека за викенд „не работат“. Прашањето е како е возможно кога сме во среде пандемија? Соодветно објаснување нема.

Инаку во Скопје пунктови за тестирање има кај поликлиниките „Идадија“, „Јане Сандански“ и „Чаир“.

Претходна вестАлбанци со фалсификувани грчки и италијански документи сакале да полетаат од охридскиот аеродром
Следна вестПо неколкумесечна пауза Филхармонија ја отвора сезоната