Зошто скопјани не си го палат ѓубрето дома?

Дваесет и еден часот, споредна уличка во Карпош 2, гори средниот од трите контејнери на самата улица, а камионот на „Комунална хигиена“ стои крај нив, со двајца работници што треба да ги истресат контејнерите – кои се чудат со што да го изгаснат пожарот. Огнените јазици во меѓувреме стануваат се повисоки и повисоки, а ако задува ветер, може да ги лапнат и другите контејнери, но и вработените во „комунална“.
Оваа слика е само една од 40те во кои контејнери се уништени целосно, во месеците јануари и февруари, соопштуваат од претпријатието. Причините се непознати. Зошто скопјани имаат потреба ова да го прават?
Некогаш, причина може да е неизгасена цигара, што секако не е оправдување, но е неодговорност и невнимателност. Во другите случаи, по се изгледа е намерно, односно тенденциозно. Дали пораката е до комуналците: еден вид незадоволство од начинот на кој си ја вршат работата односно од старите и дотрајани контејнери, или пак е нешто друго? Има многу скопјани кои се инфицирани од растурање – вандализам, тие ли палат?
Сепак, главното прашање зошто за постапка која е казниво дело, нема казнети?
Палењето на контејнерите мора да има начин да се докаже кој и на каков начин го предизвикува, пред да се случи поголема трагедија.
Телефонските броеви на кои скопјани можат да пријавуваат диви депонии или вакви слики на опожарени контејнери, не вродија со никаков плод.
Време е за нова солуција и поголема будност од надлежните.
А прашање имаме и до пироманите: зошто не си го палат ѓубрето дома?