Зошто сте „брзале“ со чистење на Усјанскиот канал во јуни, почекајте да се угушиме цело лето!

„Ако во 2020 година ние се уште имаме проблем со канализациони мрежи и смрдливи канали како Усјанскиот – за каква Европска унија ние зборуваме и се надеваме?!“ – коментари од овој тип ги прeплавија социјалните мрежи изминатите два дена откако пеколните горештини експресно ја раширија реата од каналот во селото Усје и Лисиче. Станува збор за канал долг 3,6 километри, во кој се слеваат односно собираат отпадните и атмосферските води од еден дел од Аеродром и Кисела Вода, па одат во Вардар.

И без новинарите да бараат официјални ставови од надлежните зошто проблемот не се решава, самите граѓани се хронолози и ги знаат сите ветувања, обиди, декларативни заложби, но секое писание на скопјани завршува со „ништо од тоа не се оствари“.

-Не можеме да отвориме врата или прозорец да излуфтираме. Од надвор влегува смрдеа како да сме покрај отворена септичка јама. Сите градоначалници без исклучок ветуваа решавање на проблемот со каналот, но со децении наназад никој тоа не го направи, пишува Сотир В. кој живее во Кисела вода.

-Кон крајот на мај се објави дека општината Кисела Вода потпишува договор со некоја фирма за секундарна фекална канализација, но зошто само Кисела вода, до каде е тоа градење, зошто не се вклучи град Скопје за се реши целиот канал, а не само оваа општина? – прашува јавно Магдалена Ч. исто така од Кисела вода.

Како и да е, за трајно решавање на конкретниот проблем се чини стратегија нема. За делот кај Лисиче, градоначалникот на Аеродром топката ја префрла кај скопскиот колега. Вториот бил надлежен за одржување на каналот. Од неговиот кабинет за дел од медиумите објаснуваат дека каналите, меѓу кој и Усјанскиот, се чистат во повеќе фази. Предвидено било и машинско чистење, но тоа било втората фаза, а чистењето на околината крај каналот било прва. Работите ги вршеле „Паркови и зеленило“, а почнале во јуни- објаснуваат од Градот.

-Чистење на каналот во фази?! И зошто се почнува во јуни, не можеше ли порано?! Тамам да се угушиме во смрдеа цело лето, не „брзајте“! – иронично им порачуваат лисичани.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договориле Влада, дел од договорот за премиер да биде поранешен министер?
Следна вестТеатар „Комедија“ на „Охридско лето“