Зошто „учењето на далечина“ нема ромски јазик?

Учењето на далечина освен што секако е голема далечина за децата чии родители немаат пари да си дозволат луксузни компјутери, изгледа нема само заради парите да остане далеку од децата. Имено т.н. Национална платформа е достапна на англиски, македонски, албански, но ја нема на ромски јазик.

Реагираа ромските невладини организации на социјалните мрежи, во форма на неколку пораки до надлежните:

-Зарем Ромите не заслужуваат да учат на својот јазик?

-Ако има само на англиски и на македонски е во ред, ама да ја има на албански, а не и на ромски е дискриминација!

-Зарем ние не треба да учиме онлајн или имавте друг план што мислите дека е рано да ни го кажете?

-Вака требаше да изгледа „едно општество за сите“?
Надлежните се очекува да објаснат зошто сите јазици на кои се одвива наставата во основните училишта не се достапни на Националната платформа.

Инаку, на своето прво тестирање, вчера, платформата крахираше, па илјадници ученици не успеаја да се најават односно да се приклучат. Објаснувањата се различни, ИТ-експертите уверуваат дека не мора компјутерот да има најсилни перформанси доволно е да има стабилен интернет. Но, очигледно е дека ситуацијата нема да биде лесна судејки според почетокот. А, се уште остануваат без решение околу 40 илјади деца кои немаат компјутер.

Претходна вестИ охриѓанец измамен за 1.300 евра за лажна сообраќајка
Следна вестСе отвора групната изложба „Panic Room или скок во мислењето“ во Музејот на современа уметност