Добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност. Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција посветена на првите 100 дена од работата на Владата.
Филипче посочи дека очекувањата на граѓаните, заради ветувањата, со право беа големи и дека Мицкоски ветуваше професионална администрација, мерит систем, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција. Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе не направи повторно горди.
-Досега, не исполнија ништо од овие ветувања, а неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“, нагласи Филипче.
Во продолжение тој ги наведе неуспесите на оваа Влада како што се падот на просечната плата којашто за прв пат по седум години падна за цели 1.000 денари.
-Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите. Платите паѓаат, стандардот се намалува, а Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните, истакна Филипче.
За сто дена, рече Филипче, нема ниту никаков траг од епскиот криминал кој наводно ќе го докажуваа туку наместо докази и постапки во институциите за прогон, имаме секојдневни прес конфернции на ВМРО-ДПМНЕ за јавен линч на опозицијата. Тој додаде дека пропаднаа и ветувањата за реформи во судството, а нема ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи повторно горди.
-ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави сржавата на днотот на Балканот. Ниту понуди јасен пат како напред, ниту понуди алтернатива. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со Унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат ниту право тоа да го прави, предупреди Филипче.
Филипче потенцира дека улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие и дека за само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. При ова, партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ја третираат државната граница како приватен премин.
-Во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните, смета претседателот на СДСМ.
Претседателот на СДСМ се осврна и на состојбите во партијата за којашто рече дека се консолидира како единствена и кредибилна опозиција на актуелната власт.
-Имаше грешки, но никогаш не направивме грешки во однос на стратешките интереси на државата и граѓаните. СДСМ три децении се бори за европска Македонија и ние сме подготвени директно да се соочиме со власта и да се спротивставиме на сите погрешни политики, рече Филипче.