Темно Режим Светло Режим

Агенцијата го поништи конкурсот: Оваа година нема да се снима ниту еден македонски филм

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за филмови за 2024 година, што значи дека нема да се снимаат македонски филмови оваа година.

Одлуката за поништување, донесена на 30 октомври, се темели на неправилности и незаконитости во процесот на спроведување на конкурсот.

-Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија, стои во одлуката.

Advertisement

Причините за поништувањето вклучуваат ненавремени одлуки за пријавените проекти, кои не беа донесени ниту во април, ниту по продолжениот рок, што е во спротивност со законските рокови.

Исто така, постоеле интерни акти кои не биле усогласени со законите за евалуација на проектите, а имало и нејасности околу роковите и критериумите за пријавите. Поради овие проблеми, Агенцијата оцени дека понатамошното спроведување на конкурсот би било законски спорно, па го поништи во целост.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

23-годишник од Битола осомничен за полов напад и силување

Следниот Пост

МВР отвори истрага за ТОЕФЛ сертификатот на Бојан Христовски