Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови, по одделни котлини, ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека максималните ќе бидат во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје се очекува сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната ќе достигне околу 9 степени.
Според најавите на Управа за хидрометеоролошки работи, за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Локално се очекуваат слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе има снег. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
По викендот, до средината на следната седмица, времето повторно ќе се стабилизира и ќе биде суво.