Темно Режим Светло Режим

Меѓународниот аеродром „Скопје“ чекор поблиску до јаглеродна неутралност

Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со јаглеродни емисии – ниво 3, во рамките на глобалната програма Airport Carbon Accreditation, спроведувана од Airport Council International (ACI).

Со ова признание се потврдува дека аеродромот не само што успешно ги мери и намалува сопствените емисии на јаглерод, туку и активно соработува со партнери и даватели на услуги во процесот на нивно управување. Акредитацијата е добиена по спроведување низа мерки за енергетска ефикасност, меѓу кои користење ЛЕД-осветлување, оптимизација на системите за греење и ладење, воведување хибридна опрема и зголемена употреба на обновлива енергија.

Од ТАВ Македонија, кој управува со Меѓународен аеродром Скопје, велат дека достигнувањето на ниво 3 претставува значаен чекор кон намалување на јаглеродниот отпечаток и подобрување на енергетската ефикасност.

Генералниот директор на ACI Europe, Оливие Јанковец, истакна дека добивањето на ова ниво за помалку од една година е важна пресвртница во процесот на декарбонизација на скопскиот аеродром.

Со оваа акредитација, Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја зајакнува својата долгорочна климатска стратегија и се усогласува со целите за јаглеродна неутралност до 2030 и нулта нето-емисии до 2050 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кризата во Бугарија се продлабочува: Народот бара електронско гласање, партиите не се согласни

Следниот Пост

Три сантиметри повеќе вода во Преспанското Езеро