Темно Режим Светло Режим

Истекува рокот за пријавување: Познати пет кандидати за републички обвинител

До овој момент, пет кандидатури се доставени до Собранието за избор на нов републички јавен обвинител на Република Северна Македонија. Информацијата ја потврдија собраниските служби.

Меѓу пријавените се поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, како и обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска. Кандидатура поднел и Ненад Савевски, кој моментално ја извршува судиската функција во Кривичниот суд. На листата се наоѓа и актуелната вршителка на должноста републички јавен обвинител, Анита Тополова-Исајловска.

Конкурсот за оваа висока правосудна позиција е отворен до денеска на полноќ, што остава можност во текот на денот бројот на кандидати дополнително да се зголеми.

Функцијата остана испразнета по оставката на досегашниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. По неговото заминување, за вршител на должност беше назначена Анита Тополова-Исајловска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Жртва од пожарот во Кочани: Ги изгубив сите другари, јас едвај преживеав

Следниот Пост

Божиновска: Соларната енергија клучен столб во енергетската транзиција на Македонија