Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија”, што е највисока бројка во изминатите три децении.
Вкупната стапка на сиромаштија во Велика Британија се намалила од 24 проценти во 1994/95 година на 21 отсто во 2023/24 година, но стапката на длабока сиромаштија се зголемила од осум на 10 проценти во истиот период.
Резултатите покажуваат дека во пораст е детската сиромаштија, чија
бројка трета година по ред бележи раст и изнесува околу 4,5 милиони
деца.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: