Темно Режим Светло Режим

Канабис, кокаин и алкохол пронајдени кај возачот во несреќата со ПАОК навивачи

Токсиколошките анализи спроведени од Институтот за судска медицина во Темишвар потврдиле присуство на канабис, кокаин и алкохол во крвта на возачот на минибусот кој во вторникот се судри со камион во Романија, а животот го загубија седуммина навивачи на грчкиот клуб ПАОК. Ова го соопшти портпаролката на Обвинителството при Судот во Лугој за националната романска новинска агенција „АГЕРПРЕС“, пренесува дописничката на МИА од Атина.

Обвинителката Берта Константинеску нагласила дека токсиколошкиот извештај потврдил „присуство на две психоактивни супстанции – канабис и кокаин во крвта на возачот“, а исто така бил откриен и алкохол.

– Дополнително, во возилото беа пронајдени две кесички со супстанции за кои се претпоставува дека се психоактивни, но лабораториската потврда сè уште е во тек. Случајот го истражува Одделението за криминалистички истраги на општинската полиција во Лугој – Сообраќајна служба, под надзор на Обвинителството при Судот во Лугој, изјавила портпаролката за „АГЕРПРЕС“.

Advertisement

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија, Богдан Деспеску, како што пренесува „Јуроњуз“ на романски јазик, истакнал дека во текот на истрагата биле идентификувани супстанции кои можеби се забранети, но тоа е предмет на понатамошна истрага за да се утврди за какви супстанции станува збор. Додал дека „за време на обдукцијата беше констатирано присуство на забранета супстанција“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Официјално: Роџерс Мато од Вардар се пресели во шкотски Хартс

Следниот Пост

Македонските спортисти ги добија своите награди за 2025 година