Темно Режим Светло Режим

Помалиот син на Мицкоски слави роденден и именден, премиерот со јавна честитка и порака

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до својот син по повод неговиот роденден и именден на празникот Свети Антониј Велики. Во објавата, Мицкоски изрази жалење што поради државните обврски често отсуствува од семејните прослави.

Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики.

„Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија.

Advertisement

Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија.

Бог да ја благослови Македонија!“, напиша премиерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Садула Изаири чекор поблиску до членство во Судскиот совет

Следниот Пост

Општина Аеродром со повик до граѓански организации во рамките на програмата за локална демократија