Темно Режим Светло Режим

ССМ најавува блокади, требаше ли пред тоа да се разговара со работодавачите за минималната плата?

Сојузот на синдикатите на Македонија најавува дека од следната недела ќе почнат со блокади. Во време кога се очекуваше да седнат и разговараат со работодавачите за минималната плата тие одлучиле како приви да бидат блокирани пратениците во Собранието.

„Законот го чуваат во фиока и не сакаат да ги зголемат платите”, изјави првиот синдикалец Слободан Трендафилов.

Тој воено го повикува премиерот Мицкоски на средба во понеделник со цел да се потпише Колективниот договор кој би донел зголемување на платите за административните службеници и пораст на минималната плата уште од февруари годинава, наместо по две години.

Advertisement

Од друга страна премиерот Мицкоски неколку пати кажа дека Владата ќе поддржи и примени решение доколку работниците и работодавачите постигнат договор.

„Понудивме и зголемување на платите на административните службеници за околу 40%. ССМ го одби покачувањето. За минималната плата мора да постапуваме според законот”, напиша Мицкоски на „Фејсбук”. Тој посочи дека понудената опција за 40% раст на платите сè уште е „на маса”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Со 25 милиона денари од градот, „Улици и Патишта" ќе го решаваат сообраќајниот хаос со паметен зелен бран

Следниот Пост

Советот на Општина Прилеп усвои мерки за поддршка на првачињата