Темно Режим Светло Режим

Божиновска објави историски раст од 218% на приходите од концесии

Во 2025 година е остварена историски највисока наплата од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини, која изнесува 1.223.455.203 денари, што претставува раст од 218 проценти во однос на 2024 година, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Според неа, ваквиот резултат е директен ефект од засилените инспекциски контроли, јасната одговорност што им е наметната на концесионерите, новиот Тарифник кој стапи во сила од 1 јануари 2025 година, како и подобрената координација со општините. Наплатата, како што посочи Божиновска, е повеќе од дуплирана, што е јасен показател дека системот функционира поефикасно и поправично.

Зголемените приходи од концесии значат и поголеми буџети за општините, повеќе инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за енергетската транзиција и дополнителни средства за заштита на животната средина.

Advertisement

Божиновска истакна дека природните ресурси мора да носат конкретна корист за граѓаните и дека со транспарентен, одговорен и одржлив пристап е можно тие да се управуваат во интерес на јавноста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мораше ли да се преполнат градските управни одбори со дури 117 членови и кога тој број ќе се намали?

Следниот Пост

Титан Усје: Ние не сме виновни за загадувањето на воздухот во Скопје, факти тоа го покажуваат