Темно Режим Светло Режим

AМСМ: Блокада на регионалниот пат Зрновци – Пониква

На регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“ и денеска ќе има делумна блокада поради протест на граѓани. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с. Бели, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Следниот Пост

Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата